Ете што значи да се игра во групи: Динамо Загреб им донесе 500.000 евра на другите хрватски клубови

После три години пауза, врвниот европски клупски фудбал се враќа во Загреб. Динамо во средата успеа да обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, после 120 минути драма против Бодо Глимт.

Дека тоа носи бенефит и за дургите клубови, доволно говори податокот дека и другите хрватски клубови, ривали на Динамо ќе заработат од пласманот на „модрите“ во групната фаза.

Сите тимови ќе заработат од пласманот, и ќе добијат 500.000 евра од фондот на солидарност на УЕФА. За сите држави кои ќе дадат клуб во елитното натпреварување, УЕФА додели 130 милиони евра. Парите ги превземаат фудбалските федерации, а потоа ги проследуваат на клубовите.

Но, постои правило кое вели дека парите не смеат да бидат користени за трансфери и плати, туку исклучиво за развој на фудбалските академии.

Динамо во квалификациите го мина и македонскиот првак Шкупи. Тоа е вторпат Динамо да гостува во Скопје, и да стигне потоа до групната фаза. Во групата „модрите“ ќе играат со Челси, Милан и Салцбург.

Се вчитува...