ЕУ за Суперлигата: Може да постои, но надвор од УЕФА и од ФИФА

Европската Унија го објави мислењето за проблематичниот случај во формирањето на т.н. Суперлига, која доживеа „крах“ само еден ден по објавувањето за нејзино формирање.

Генералниот правобранител објави дека Суперлигата е слободна да создаде свое натпреварување, но само да не биде дел од оние на ФИФА и УЕФА. Светската и европската куќа на фудбалот треба да добие одобрување, за секое натпреварување да биде под нивна „капа“.

„Европската Супер лига како компанија е слободна да создава свое независно натпреврување во фудбал, но надвор од системот на УЕФА и ФИФА, исто времено по создавањето на ова натпреварување не може да продолжи да учествува во фудбалски натпревари организирани на ФИФА и на УЕФА без претходно овластување од овие федерации“, велат од ЕУ.

Денеска ЕУ треба да утврди дали ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата позиција со блокирање на создавање на овој алтернативен турнир.

Се вчитува...