Еуфорија и аплаузи ја одбележаа прес-конференцијата на бразилската репрезентација, откако селекторот Карло Анчелоти го објави списокот со фудбалери, на кој по подолго време се најде и суперѕвездата Нејмар.
Поранешниот ас на Сантос за првпат добива повик од италијанскиот стратег, што предизвика бурна реакција и скандирања меѓу присутните во пресцентарот.
Од друга страна, најголеми изненадувања на списокот се отсуствата на напаѓачите Ришарлисон и Жоао Педро, кои овојпат останаа без повик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
