Еуро Никел го крати буџетот – Самарџиски си замина од Кавадарци

Еуро Никел ќе влезе во новата натпреварувачка сезона со намален буџет, дознава ЕКИПА откако кавадаречкиот клуб донесе одлука да ја повлече апликацијата за влез во АБА2 лигата. Кавадарчни лани стигнаа до финалето на домашниот плејоф, последната сезона беа дел од полуфиналето, што им овозможуваше да учествуваат во АБА2. Првите информации говореа дека Еуро Никел сигурно ќе го прифати големиот предизвик, но потоа дојде до „промена на плочата“, па кавадарчани ги известија челниците на АБА дека нема да бидат дел од ова натпреварување.

Причините се финансиски, па во услови на криза Еуро Никел ќе настојува да ги намали трошоците, а на врвот на листата на „кратење“ е токму меѓународното натпреварување во кое требаше да се учествува.

Според информациите на ЕКИПА, кратењето на буџетот нема да биде премногу големо и се очекува тренерот Самарџиев сепак да состави конкурентен тим за влез во Супер-лигата и место во плејофот. Во таа борба кавадарчани ќе влезат без Предраг Самарџиски, откако поранешниот македонски репрезентативец решил да си замине од клубот. Самарџиски имаше договор на уште една година, но во услови на кратење на буџетот решил да го напушти Еуро Никел.

Проблем плус за тренерот Самарџиев е што Лука Стојановски, кој потпиша пред крајот на ланската сезона, има незгодна повреда на рамото и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

Се вчитува...