Еуро Никел му зеде „скалп“ на Работнички, Кожув лесно со Куманово

Еуро Никел успеа да триумфира против најтрофејниот македонски клуб Работнички со 78-76 во петтото коло од кошаркарската Суперлига.

Првото полувреме се играше во егал. Првата четвртина ја добија домаќините со 21-18, додека вториот период за нијанса беа подобри гостите (19-20), што доведе до тоа на пауза да се замине со минимално водство на Еуро Никел од 40-38. Третата четвртина повторно беше во егал, а предноста од два поени на полувремето Кавадарчани ја задржаа и по 30 минути игра (57-55). Домаќините предноста од два поени успеаја да ја задржат и во последниот период за конечна победа од 78-76. Каплановиќ беше прв стрелец кај победникот со уфрлени 17 поени, Јане Петровски постигна 14, а Соколов и Бакоч уфрлија по 13. Кај Работнички најдобар беше Лесколт со 23 поени.

Во вториот натпревар од понудата во 18 часот, Кожув на домашен терен славеше над Куманово со 83-63. По израмнетата прва четвртина (13-13), во вториот период домаќините ја направија клучната разлика во мечот, добивајќи ја со плус петнаесет, а резултатот на семафорот изнесуваше (44-29). Во вториот дел гевгеличани успеаја рутиснки да го приведат мечот до самиот кратј за конечен триумф од 83-63.

Бојан Трајковски и Иван Пејн со 18 поени беа први имиња кај победниците, додека кај гостите од Куманово Младеновиќ постигна 16 поени.

Се вчитува...