Еуро Никел потпиша со Перовиќ, двајца странци си заминаа

Еуро Никел има добар скор од седум победи и четири порази по првите единаесет кола од новата сезона, но кавадарчани сепак се решија за неколку промени во ростерот за уште поквалитетни да влезат во клучниот дел од сезоната.

По ангажманот на новиот центар Рикиќ, викендов нов член на Еуро Никел е и црногорскиот кошаркар Марко Перовиќ. Станува збор за играч висок 204 сантиметри кој настапува на позициите четири и пет и би требал да им помогне на кавадарчани во борбата под кошевите. Негов последен клуб бил Пеќ од Косово.

По доаѓањето на новите засилувања Еуро Никел реши да се раздели од двајца странски кошаркари Казарновски и Влаховиќ повеќе не се дел од овој клуб, а во најава е и доаѓање на нов играч на бековската позиција.

Се вчитува...