Еурофарм мотивиран, но Вардар ги однесе бодовите од Битола

Ракометарите на Вардар на гостувањето во Битола го победија Еурофарм Работник со 19-24  во заостанатиот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф. Домашниот тим влезе мотивирано во дуелот со актуелниот шампион и глаен фавориот за титулата. „Црвено-црните“ на овој натпревар настапија без неколку стандардни првотимци, во составот ги немаше Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Данил Шушкарев, Вуко Борозан и Рожерио Фереира, но ни тоа не беше пречка за Вардар да ја запише првата победа во плеј-офот, по стартниот пораз од Металург.

eurofarm - vardar 2

Во првото полувреме Еурофарм Работник успеваше да држи чекор со посилниот противник и на одмор замина со само два гола негатива (12-14). Но, во вториот дел, вардарци го засилија темпото. Уште на стартот направија разлика и ја обезбедија победата со конечните 19-24.

eurofarm - vardar 3

Иван Чупиќ со седум гола беше прв стрелец во составот на Вардар. Кај Еурофарм Работик најефикасен беше Лазо Мајнов со шест гола, а забалежителен настап имаше и голманот Градимир Чаневски со 14 одбрани.

eurofarm - vardar 1

Во двојното гостување во Битола, утре Вардар ќе го одигра и дуелот со Пелистер, а во петок ги очекува средбата со Охрид. Згуснатиот распоред во домашниот плеј-оф е поради настапот на вардарци на Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига на кој црвено-црните викенодв ја освоија третата шампионска титула и претстојниот настап во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...