Еурофарм не најде лек за Целје во Струга

Еурофарм Работник беше поразен од Целје Пивоварна Лашко со 22-23, во последниот натпревар од првиот ден на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“ што традиционално се одржува на отворениот терен на „Женска плажа“.  За Еурофарм Работник ова беше прва посериозна проверка под водство на новиот тренер, Србинот Ѓорѓе Чирковиќ.

Битолскиот суперлигаш во погоел дел од натпреварот беше во инфериорна позиција во однос на реномираниот словенечки противник. „Фармацевтите“ само во првите десетина минути успеваа колку-толку да држат чекор во играта. Во продолжението словенечкиот тим се одлепи и имаше целосна контрола на играта и на резултатот, а првото полувреме го заврши со предност од 13-7.

Речиси во идентичен ритам почна и второто полувреме. Неколку успешни инетвенции на голманот Благојче Трајковски кој летово од Охрид се пресели на голот на Еурофарм Работник, ги врати битолчани во игра. Еурофарм успеа да ја намали негативата на 15-12 на  стартот од последната четвртина, а на 13 минути пред крај, битолчани дојдоа и на -2 (17-15)  и пропуштена шанса да намалат на само еден гол разлика.

Словенците успеаја да се одбранат и да го задржат водството до крај за прва победа во нивниот деби настап на турнирот во Струга.

Во вториот натпревар денеска, романска Констанца предводена од македонскиот тренер, Звонко Шундовски, одигра нерешено 21-21 против шведскиот Алингсас, а во воведниот меч, Струга беше поразена од Железничар (20-25).

Утре на програмата се натпреварите: Бешикташ – Еурофарм Работник (17.30 ч.), Железничар – Алигсас (19.15 ч.) и Целје – Феникс Тулуз (21 ч.).

Се вчитува...