Еурофарм немилосрден кон Борец: Победа од 23 гола разлика

Ракометарите на Еурофарм продолжуваат со максималниот ефект во Суперлигата, лесно триумфирајќи и на гостувањето против Борец во Велес во 7. коло.

Еурофарм дојде до повеќе од убедлива победа од 18-41 (10-18), со која дополнително се зацврсти на врвот од табелата со максимални седум победи.

Најефикасен во триумфот на Еурофарм беше Никола Ивановиќ со 10 погодоци, а 6 гола постигна репрезентативецот Филип Кузмановски. По пет гола постигнаа Талевски, Чурлевски, Крстевски и Џукиќ. Во поразениот тим на Борец, кој остана на дното од табелата со седум порази од исто толку натпревари, најефикасен беше Борис Илиевски со шест постигнати гола.

Се вчитува...