Еурофарм Пелистер 2 сигурен против Овче Поле

Ракометарите на Пелистер 2 славеа лесна победа против прволигашот Овче Поле со убедливи 48-23 во воведното коло од македонскиот Куп.

Битолчани ја најавија победата уште во првото полувреме, кое им припадна со убедливи 21-8, додека во вториот дел само рутински го приведоа мечот до крајот за конечни 48-23.

Најефикасен во победничкиот тим беше Симон Мирчевски со 12 голови, додека Бојан Гичев постигна 11 погодоци за Овче Поле.

Се вчитува...