Еурофарм Пелистер лесно против Охрид за место на Ф4 во Купот на Македонија

Еурофарм Пелистер, по Вардар и Бутел, е третиот клуб кој обезбеди учество на Фајнлфор турнирот во Купот на Македонија.

Битолчани откако претходно во полуфиналето од групната фаза славеа против РК Алкалоид, во финалето без поголеми проблеми со 27-21 славеа и против Охрид.

Уште во првиот дел од мечот се навести победникот откако „пелистерци“ го добија со три гола разлика, 14-11. Во второто полувреме се продолжи во ист стил за заокружување на триумфот од шест гола разлика.

Се вчитува...