Еурофарм Пелистер, низ силен отпор, поразен од Мешков во првиот четвртфинален меч од СЕХА-лигата (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од фаворитот Брест Мешков со 27-31 (9-13) во првиот четвртфинален натпревар во СЕХА лигата.

Битолчани се далеку од можност за обезбедување место на Ф4 турнирот во регионалното натпреварување, по поразот со четири гола разлика на домашен терен.

А Еурофарм Пелистер одлично го почна мечот низ максимално израмнета игра во првите 15 минути, се до исклучувањето на засилувањето на Немања Обрадовиќ кој заработи црвен картон по неспретниот прекршок над Сташ Скубе во 16. минута. Пред Обрадовиќ, црвен картон во редовите на Мешков Брест, пак, заработи и француското засилување за Белорусите, Бонефи.

По исклучувањето на Обрадовиќ, Брест Мешков на полувремето дојде до предност од 9-13.

Во второто полувреме се играше максимално израмнето, но гостите ја одржуваа предноста стекната во првиот дел.

Најдобар кај Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со девет гола од 11 обиди, шест гола постигна Периќ, а по три погодоци запишаа Табоада и Радовиќ. Кај Белорусите се издвои Кашпарек со осум гола, а Скубе мечот го заврши со пет постигнати погодоци.

Се вчитува...