Еурофарм Пелистер славеше во контролата со Металург

Еурофарм Пелистер триумфираше со 28-22 на пријателскиот натпревар против екипата на Металург што двата македонски суперлигаши го одиграа во Маврово.

Битолчани вчера славеа над својот втор тим, а денеска беа подобри и од „металурзите“, стигнувајќи до рутинска победа. Целата работа Еурофарм ја заврши уште во првото полувреме, во кое поведе со 13-8, по што во вториот дел лесно го контролираше резултатот.

Двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети, како дел од подготовките во пресрет на предизвиците што ги очекуваат во новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...