Е. Пелистер со убедлив триумф над Мулти Есенс ги излечи раните од поразот од Алборг

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер со убедлив триумф над Мулти Есенс од 40-22 во 3. коло од Суперлигата ги излечи раните од двата убедливи пораза на стартот од Лигата на шампионите против Колштад и Алборг, како и домашниот во дербито против Вардар.

Големиот фаворит уште од самиот старт почна фуриозно па брзо стигна до позитива од 4-0. До крајот на првото полувреме разликата само растеше, а на пауза домаќините заминаа со предност од 20-11.

Во вториот дел битолчани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 40-22. Ненад Костески со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по пет постигнаа Узунчев и Костовски.

Се вчитува...