Еурофарм Работник донесе бек од Колумбија

Колумбиецот Сантијаго Москера е најновото засилување во редовите на Еурофарм Работник. 19-годишниот Колумбиец игра на позицијата лев бек и треба да го пополни местото во тимот по повредата на Дејан Пецаковски.

Москера пред неколку дена пристигна во Битола и деновиве треба да се официјализира неговиот трансфер. Доколку бидат завршени административните рабити, Колубиецот ќе дебитира во дресот на Еурофарм Работник на саботниот дуел во Скопје против Металург Јуниор.

На полусезоната од Металург во  Еурофарм Работник како позајмени играчи беа испратени Горан Крстевски и Томислав Јагуриновски.

Се вчитува...