Еурофарм Работник е првиот финалист во Купот на Македонија (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник се првите финалисти во Купот на Македонија, кој викендов се игра во Битола, откако во првата полуфинална средба убедливо со 26-18 (15-7) славеа против Охрид.

Со пласманот во финалето на Купот, битолчани си обезбедија за себе следната сезона и настап во Купот на ЕХФ на европската сцена.

kup eurofarm - ohrid 17

Првата полуфинална средба беше рамноправна единствено на почетокот од дуелот во првите 15 минути. Потоа следеше голем пад во играта на охриѓани кои цели 12 минути не постигнаа гол, па следеше водство за Еурофарм Работник од 12-6. До полувремето предноста се зголеми за 15-7. И веќе се навести победникот на дуелот.

kup eurofarm - ohrid 2

Во второто полувреме, ракометарите на Еурофарм само рутински ја одржуваа предноста, без проблеми приведувајќи го дуелот до крајот за конечни 26-18.

Најефикасен во победничкиот тим беше Горан Крстевски со 6 погодоци, а со пет гола мечот го заврши Филип Чурлевски. По три постигнаа Мајнов, Петровски и Адли. Кај охриѓани, единствено се издвои Лазар Адамовиќ со 6 постигнати гола.

Еурофарм Работник во утрешното финале (16:30 часот) ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Вардар и Металург која се игра вечерва од 20:30 часот.

Се вчитува...