Еурофарм Работник ги избегнува Кил и Сен Рафаел во ЕХФ Купот

Еурофарм Работник во групната фаза од ЕХФ Купот ќе ги избегне тројниот европски шампион Кил, ланскиот финалист во ова натпреварување, Сен Рафаел од Франција и Куенка од Шпанија. Овие три екипи заедно со македонскиот претставник се сместени во третиот шешир пред ждрепката со која на 29 ноември во Виена ќе бидат одредени групите во ЕХФ Купот.

Но, може да се случи битолскиот тим од четвртиот шешир да ја добие „битолската колонија“ во Романија, екипата на Констанца во која од клупата ја предводи Звонко Шундовски, во составот се Никола Митревски и Велко Марковски, а спортски директор е Бранислав Ангеловски. Покрај Констанца, другите три опции од четвртиот шешир се Нексе, ГОГ и Балатонфуреди.

Натпреварите од групната фаза стартуваат на 9/10 февруари, а последното коло ќе се одигра на 30/31 март 2019 година.

Се вчитува...