Еурофарм Работник го освои турнирот во Зеница, Кузманоски најдобар играч

Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Работник е победник на Меѓународниот ракометен турнир „Заим Кобилиќ“ во Зеница. Битолскиот тим во финалето на турнирот го совлада Млади Рудар со 30-21 прикажувајќи надмоќна игра.

Најдобар поединец на финалето, а и на целиот турнир беше Горан Кузманоски. Тој ја доби наградата за најкорисен играч.

Кузманоски продолжува со одлични изданија во дресот на Еурофарм Работник. Претходно, тој беше најдобар стрелец на турнирот во Струга.

Се вчитува...