Еурофарм Работник се пласираше во групната фаза од ЕХФ Купот

Еуростандард Работник направи голем успех во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена пласирајќи се во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот состав е поуспешен во двомечот од третото квалфикаицско коло од швајцарскиот Берн откако денеска во возвратниот натпревар победи со 30-28 и ја надополни сигурната и висока победа од 10 гола разлика од мечот во Битола минатиот викенд.

Во првото полувреме Берн во најголем дел беше во предност, најмногу со два гола разлика, Еурофарм во континутите одржуваше неизвесност недозволувајќ дистанцата да стане преголема. На пауза швајцарскиот тим отиде со 15-13.

Во вторто полувреме предноста во најголем дел беше на страната на Еурофарм, но нашиот тим не успеваше да се одлепи на убедлива разлика. Достигна највисоки плус три гола прендост, што беше и повеќе од доволно за да се потврди пласманот во групниот сегмент.

Елмир Граѓан имаше стопроцентна реализација, постигна седум гола од седум обиди и беше прв стрелец во битолскиот состав. Филип Кузмановски и Гоце ојлески постигнаа по четири гола.

Противниците за групната фаза, Еурофарм ќе ги добие на ждрепката во Виена во четврток.

Се вчитува...