Еурофарм Работник супериорен против Прилеп

Ракометарите на Еурофарм Работник ја продолжуваат победничката серија во домашната Супер лига. Во натпреварот од 6.коло битолскиот тим славеше убедлива победа против Прилеп со 38-24 и со максимални 18 бода останува на лидерската позиција на табелата.

„Фармацевтите“ го отвиорија натпреварот со водство од 4-0 и ја задржаа доминацијата во текот на целиот натпревар. На полувремето, домаќините веќе имаа недостижни 11 гола предност (20-9) и вториот дел беше само формалност.

Најефикасни во новиот триумф на Еурофарм Работник беа Талевски со осум и Ѓукиќ со седум гола. Во составот на Прилеп подобар од другите беше Шокоски со осум погодоци.

Се вчитува...