Еуромилк ГЛ под водство на Љупчо Димовски ги стартуваше подготовките

Второлигашот Еуромилк ГЛ денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната под водство на новиот стратег на клупата, Љупчо Димовски.

На првиот собир на екипата на кој присуствуваа претседателот на клубот, Горан Малишиќ, директорот Јане Павловски, генералниот секретар Владо Крстевски, како и претставникот на општина Аеродром, Филип Цанев беа потенцирани амбициите на клубот кој во иднина се очекува повторно да се врати на прволигашката сцена во македонскиот фудбал.

Потврда се тоа се и 12-те нови фудбалери кои денеска ги почнаа подготовките со староседелците. Од клубот најавуваат засилување со уште неколку квалитетни фудбалери со што Еуромилк ГЛ активно би се вклучил во битка и за врвот во Втората лига – Запад.

Се вчитува...