Еуроникел е друга димензија за „малиот“ МЗТ

Екипата на кавадаречи Еуроникел ја забележа четвртата победа во сезоната од домашниот кошаркарски шампионат тирумфрајќи убедливо на гостувањето кај МЗТ Скопје Уни Банка со 61-96 во дуелот од петтото коло.  Со овој усех Еуроникел влегува во редот екипи со по девет бода колку што имаат и Работнички и  МЗТ, а ќе има и Гостивар или Кожув кога ќе заврши мечот на овие два состава кој е во тек.

Еуроникел рутниски почна да ја гради победата уште во воведната четвртина, по 10 минути имаше девет плус, на полувремето отиде со 14 позитива, во завршниот сегмент влезе со 23 поени предност и до крајот само константно растеше до конечните плус 35.

Никола Караколев со 17 поени беше прв стрелец кај Еуроникел, Александер Марзет постигна 15, а Петар Коцев имаше 14 поени. Двоциферн во победничкиот состав беше и Ѓорѓе Каплановиќ кој постигна 12.

Леонид Тодоровски имаше 18 поени кај МЗТ Скопје Уни Банка, двоцифрен број поени постигна и Виктор Исајловски 11.

 

Се вчитува...