Францускиот кошаркар Еван Фурние се врати во националниот тим по две години. Фурние немаше настапено за репрезентацијата на триколорите уште од Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Бекот на Олимпијакос се појави на тренингот на Франција пред претстојните натпревари. Најпрво, тие ќе гостуваат во Белград кај Србија со која ќе одиграат две контролни средби.
Потоа, тие ќе се соочат со Словенија (27.8) и Шведска (30.8) во квалификациите за Мундобаскет.
„Одамна не сме се виделе“, напиша Фурние на социјалните мрежи покрај својот дрес со број 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
