Еве зошто Барса однапред плачеше за судијата: Имаше ли пенал над Брејтвајт (видео)

Навивачите на Барселона беа незадоволни што со промената на судијата во последен момент оваа функција му беше доделена на Хил Манцано, арбитар виден како го напушта „Бернабеу“ со кеси со логото на Реал.

Токму затоа, каталонците сега ќе бидат уште побесни по спорната ситуација во самиот финиш, кога Манцано не досуди пенал за стартот на Менди над Бреитвајт, но и одби да ја прегледа ситуацијата со ВАР.

Напаѓачот на Барселона прв стигна до топката, дојде до контакт со левиот бек на Реал, за кој главниот судија оцени дека не бил доволен за да се покаже на белата точка.

Шпанските медиуми веднаш по мечот објавија дека ВАР-судијата Карлос Еугенио Симон му порачал на Манцано дека постои контакт за пенал и го повикал да ја прегледа снимката, но тој го одбил тоа.

Доколку овие информации се вистински, Барса со апсолутно право ќе фрла со дрва и камења по овој судија, но попусто бидејќи бодовите завршија на салдото на големиот ривал.

Се вчитува...