Арсенал и Пари Сен Жермен ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во Будимпешта на „Пушкаш Арената“, а УЕФА претходно одлучи да го помести терминот од доцна навечер во 18 часот за да се подобри целокупното искуство за навивачите и градовите домаќини.
УЕФА објасни дека целта на оваа промена е денот на финалето да се претвори во целодневен настан посоодветен за семејствата, со полесен пристап до јавен превоз по натпреварот и побезбедно враќање од стадионот. Се очекува и поголем економски импакт за домаќините, бидејќи навивачите ќе имаат повеќе време да слават по натпреварот.
Актуелниот шампион Пари Сен Жермен ќе се обиде да стане само вториот клуб во ерата на Лигата на шампионите што ја одбранил својата титула, по Реал Мадрид, кој освои три последователни трофеи помеѓу 2016 и 2018 година. Од друга страна, Арсенал се стреми да ја освои својата прва титула и да стане 25. различен победник на ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
