Еве зошто Меси и Дибала не можат да играат заедно

Селекторот Сампаоли најави дека и покрај одличните игри за Јувентус, Пауло Дибала најверојатно нема да се најде на списокот на патници за СП во Русија. Причината е јасна – Дибала не се снаоѓа најдобро на теренот крај Лионел Меси, а јасно е дека асот на Барселона ќе биде „прва виолина“ на Аргентинците и на претстојниот мундијал.

За проблемите на теренот кога овие двајца фудбалери се наоѓаат во стартниот тим говореа самите играчи.

„Тешко ми е да играм со Меси. Дејствуваме на иста позиција, стилот наигра ни е многу сличен. Се обидувам да му оставам што повеќе простор, но не е лесно“ – истакна Дибала.

Истото мислење го има и Меси, кој демантира дека постои личен проблем меѓу него и голгетерот на „старата дама“.

„Новинарите сакаат да претстават проблем и ривалитет, но тоа не е случај. Разговаравме и можам да кажам дека Дибала е во право за она што го кажа. Тој во Јувентус игра на исттата позиција како и јас во Барселона. Кога сме во репрезентацијата, треба да се премести на левата страна од нападот, и потоа да напаѓа со продори кон средината. Тоа не е нималку едноставно“ – прокоментира Лео Меси.

Се вчитува...