Еве зошто Спалети пак го избришал Икарди…

Вчерашниот ден донесе нова бура во Интер, откако Лучијано Спалети објави дека нема да смета на услугите на Мауро Икарди за дербито со Лацио. Икарди изминатиот период тренираше со тимот и се очекуваше дека ќе биде сигурен стартер, особено откако Лаутаро Мартинез отпадна од комбинација поради повреда.

Сепак, Спалети објави дека „по се што се случи неодамна, вклучувајќи ги и вчерашните случувања, сметам дека Икарди се уште не е подготвен да им помогне на соиграчите“.

Веднаш почна потрагата по одговорот на прашањето „Што се случило во текот на тренингот во петокот“, а весникот „Кориере дела сера“ тврди дека го има одговорот.

Имено, тоа бил првиот тренинг на кој Интер бил комплетен по враќањето на интернационалците, а Спалети очекувал јавно извинување од Икарди до сите соиграчи поради неговиот однос во иминатиот период. Тој го прашал екс-капитенот дали има нешто да каже, по што Аргентинецот му вратил дека се е веќе кажано, оставајќи го тренерот бесен и дополнително поткопувајќи го неговиот авторитет.

Се вчитува...