Евертон го „пазари“ хрватскиот талент Никола Влашиќ

Евертон, тимот на Роналд Куман, во последните часови од летниот преоден рок го доведе младиот фудбалер на Хајдук, Никола Влашиќ за сума од 8 милиони фунти. 19-годишниот играч за врска потпиша петгодишен договор со „карамелите“.

„Пресреќен сум што ќе ја продолжам мојата кариера во Евертон. Оваа екипа има многу квалитетни фудбалери, од кои ќе можам да научам многу, и да продолжам да напредувам. За мене е голема чест да го носам овој дрес, ќе дадам се од себе за тимот да испишува нови успеси. Премиер-лигата е несомнено најсилната лига во светот, сметам дека го направив вистинскиот потег што потпишав за овој клуб“, истакна Влашиќ.

Клубот од „Гудисон парк“ со овој трансфер стигна до бројката од девет засилувања, со вкупно потрошени средства 140 милиони фунти.

Се вчитува...