Евертон „шокиран“ од Барнли на „Гудисон“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барнли славеа на гостувањето кај Евертон со 1-2 во натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. Гостите стигнаа до водство од 0-2 по само 24. минути, откако прво резултатот го отвори Вуд во 13, а потоа Мекнил зголеми на 0-2.

До крајот на првиот дел Калверт Луин намали на 1-2 во 32. минута, а во второто полувреме мируваа мрежите. Евертон во моментов се наоѓа на 6. позиција на табелата со 46 бода, додека Барнли е 15. со 33.

 

 

 

 

 

Се вчитува...