Евро-гол на Глишиќ, се друго вардаров очај на дуелот со Дукла Прага… (ВИДЕО)

Вардар одигра подпросечен натпревар против чешкиот прволигаш Дукла Прага нанижувајќи уште еден пораз, по оној од Стеауа, на подготовките во Анталија.

Ако нешто вреди да се издвои од денешниот репертоар на „вардарци“ е единствено евро-голот на Дарко Глишиќ во 63. минута за водство од 1-0. Се друго очај, во инфериорна игра против Чесите кои се покажаа далеку подобар противник кој заслужи и поубедлива победа.

По водството на Вардар, Чесите израмнија преку Зизу во 65. минута, а веќе во 69.минута стигнаа и до водство. Во завршницата беа постигнати уште два гола. Вардар со автоголот на Милошевиќ израмни на 2-2 во 89.минута, но во 93. минута Дукла Прага повторно дојде до водство со погодокот на Ондреј Бреха за конечен триумф од 2-3…

Се вчитува...