„Еврогол“ на Тиквеш за водство на полувреме против Воска (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тиквеш имаат предност од 1-0 во финалето на Националниот куп на Македонија против Воска спорт по првите 45 минути.

Воведната шанса кавадрчани во првото полувреме ја имаа во 31. минута кога пречката на голот на Захов, ја погоди Спахиу. Тиквеш беше далеку подобар протвник во првиот дел, а само четири минути подоцна избраниците на Мојсов имаа нова шанса, но Луан Силва непрецизно биеше од близина.

И повторно тимот од Кавадарци се закани кон голот на Захов, но во 37. минута и шутот на Нето заврши покрај голот на Воска. Играчката надмоќ конечно Тиквеш ја материјализираше во 41. минута од натпреварот, откако од слободен удар на наверојатен начин стрелаше Кристијан Стојкоски.

И двата тима имаат шанса да испишат историја и да стигнат до првиот трофеј во Националниот куп на Македонија.

Се вчитува...