Дубаи цело лето беше поврзуван со бројни трансфери, за актуелниот првак на АБА лигата денеска конечно да го претстави првото засилување за новата сезона.
Челниците на Дубаи чекаа најпрвин да го промовираат новиот тренер – Чави Пасквал, а денеска почнаа и со играчките засилувања почнувајќи од Џером Блосомгејм. Крилниот центар доаѓа од редовите на Монако, каде не беше прва опција, но речиси секогаш даваше значаен придонес од клупата. Во ситуација кога Дубаи ги имаше Кабангеле и Петрушев како стартери, со доаѓањето на Блосомгејм оваа екипа дефинитивно ќе добие на цврстина во рекетот.
Нов клуб од денеска има и Томас Саторански, искусниот чешки плејмејкер си замина од Барселона и потпиша едногодишен договор со Хапоел Тел Авив.
Барса конечно комплетираше трансфер, официјализирајќи го доаѓањето на центарот Џош Нибо од Олимпија Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
