Евролигашките ѕвезди најмногу сакаат да гостуваат кај Барселона и кај Црвена Звезда

Барселона и Белград се дестинациите кои ги избраа како омилени за гостување капитените на евролигашките клубови во анкета спроведена од Евролигата. Капитените на 18-те екипи најмногу ја преферираат Барселона како противник кај кој сакаат да гостуваат. Каталонскиот клуб доби 27,78 проценти од гласовите. На второто место е Црвена Звезда, 16,67 проценти од гласовите одат кај тимот од Белград.

Анкетата има и уште неколку прашања, а на нив, капитените одговориле дека најголеми очекувања од новајлиите имаат од играчот на Панатинаикос, Џимер Фредет, најголем предизвик како противник е плејот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, а според гласовите, најпотценет играч во Евролигата е Кори Хигинс.

Предводникот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус, е омилен избор за тренер против кој сакаат да играат, зад него се Еторе Месина, Жељко Обрадовиќ и Пабло Ласо.

Се вчитува...