Евролигата подготвува драконска казна за газдата на ПАО

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, не бираше зборови по поразот на атинските „зелени“ во Истанбул, каде Ефес славеше со 85-82.

Јанакопулос ја нарече Евролигата мафија, а вербално ги нападна и судиите Дамир Јавор, Сретен Радовиќ и Саша Пукл, како и директорот за судии Даниел Херезуел и претседателот на Евролигата Дејан Бодирога.

Челниците на елитното клупско континентално натпреварување не седеа со скрстени раце и веднаш покренаа постапка поради објавите на Јанакопулос на Инстаграм.

Процесот започна, а во следниот период ќе се дознае колкава ќе биде казната за Јанакопулос.

Се вчитува...