Евролигата со распоред: Жељко со лесна задача на стартот, европскиот првак тргнува од Шпанија

Евролигата денеска го објави комплетниот распоред на натпревари за сезоната 2026/27, која ќе даде одговор дали Олимпијакос ќе успее да ја одбрани титулата освоена пред неколку месеци.

„Црвено-белите“ од Атина одбраната на трофејот ќе ја почнат од Шпанија, со гостински дуел против составот на Басконија, додека нивниот најголем грчки ривал, Панатинаикос предводен од Жељко Обрадовиќ ќе стартува дома како огромен фаворит против Париз.

Двата српски тима, Црвена Звезда и Партизан, во првото коло ќе бидат домаќини, Звезда на 24 септември ќе го пречека Жалгирис, додека „црно-белите“ еден ден подоцна ќе се сретнат во „Арена“ со Олимпија Милано.

Регуларниот дел од евролигашката сезона се состои од 38 натпревари, по што ќе следат плејин и плејоф доигрувањата, кои ќе ги дадат четирите екипи што ќе се најдат на завршниот фајналфор турнир.

Се вчитува...