Евролигата жестоко го казни претседателот на Панатинаикос

Евролигата го санкционираше претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос со парична казна од 100 илјади евра поради „објава на социјалните мрежи упатена кон службените лица со омаловажувачки коментари и нанесување на штета на другите клубови, поединци и севкупно на организацијата на Евролига“.

Казната доаѓа по големо незадоволство на претседателот на актуелниот шампион на Евролигата за судењето на четвртиот натпревар од плеј-оф серијата против Анадолу Ефес.

Ова не е прва казна за Јанакопулос поради исти причини. Тој претходно плати 15 илјади евра за објава на социјалните мрежи во март, како и 80 илјади евра во декември 2022 година.

„Мајсторката“ помеѓу Панатинаикос и Ефес во Атина е на програмата во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути.

Се вчитува...