Европа се смее: „Скромна Македонија…, ете го пласманот од Лига Д во Лигата на нации“ (ФОТО)

Македонската репрезентација со два порази го напушта Букурешт. Силни беа ветувањата од македонскиот табор за влез и во вториот круг на ЕВРО 2020, но на крајот игра далеку под очекувањата на националите.

Сето тоа, наспроти домашната спортска јавност која настапот поради историскиот пласман на ЕП го гледа со „темни очила“, европската фудбалска јавност не ја штеди Македонија во потсмевите околу фудбалската презентација на терен.

„Скромна Македонија… Мизерна Македонија… Се гледа сега пласманот од квалификациите преку Лигата на нации. Тоа е премногу лесно, па затоа има вака мизерни репрезентации“ – се дел од коментарите на фудбалските фанови од Европа, околу тоа како ја гледаат играта на македонската репрезентација, но и на дел од европските „фриленс-новинари“.

 

Македонија како позитивно може да оцени само едно полувреме од вкупно четири, второто против Украина, но и тоа за дел од фудбалските новинари од европските медиуми е далеку од ниво за Европско првенство.

 

 

Се вчитува...