Европската „ѕвезда“ на Далас обвинета за силување

Еден од најдобрите европски кошаркари во НБА-лигата, Криштапс Порзингис, е обвинет за силување на девојка во својот стан во Менхетн, пишува весникот „Њујорк Пост“. Девојката случајот го пријавила дури оваа седмица, откако Летонецот бил пријавен во полиција. Таа признала дека преговарала со него за исплата од 68.000 долари за „заташкување“ на случајот, но откако Порзингис не ги платил парите таа заминала во полиција.

„Запознаени сме со случајот, но ни беше сугерирано дека е најдобро да не даваме било какви коментари“ – изјави газдата на Далас, Марк Кјубан, кој во меѓувреме го доведе Порзингис во својот клуб од Њујорк Никс.

Извори блиски до кошаркарот тврдат дека тој не само што ги демантира обвинувањата на негова адреса, туку и ја разгледува можноста за противтужва, за обид за изнудување пари.

Се вчитува...