Европски и светски рекорд во Копенхаген: Швеѓанец спречи двојно славје на Кенијците (ВИДЕО)

Атлетичарот од Шведска, Андреас Алмгрен, го освои златниот медал на полумаратонот на Светското првенство во улични трки во Копенхаген.

Алмгрен победи со време од 58,06 минути, што е нов европски рекорд.

Среброто му припадна на Николас Кипкорира од Кенија (58:11), додека бронзата му припадна на Џошуа Чептегеи од Уганда (58:26 минути).

Златниот медал на полумаратонот во женска конкуренција го освои Кенијката Агнес Нгетич, која постигна време од 1:05:15 часа, и со тоа постави нов светски рекорд.

Светската атлетска федерација објави дека Нгетич го собори светскиот рекорд на женскиот полумаратон во Копенхаген, што официјално ќе биде потврдено по вообичаената постапка за верификација.

Второто место на СП го освои уште една атлетичарка од Кенија, Вероника Лолео (1:06:05 часа), додека Флоренс Њонкуру од Руанда беше трета (1:06,08 часа).

Се вчитува...