Дориан Бабунски со неговиот Дебрецен доживеа дебакл на домашен терен од Рапид Виена, и загуби со 5-0, со што се прости од настапите во Лигата на Конференции. После првиот меч кој заврши без голови, дома Дебрецен влезе со големи мотиви, меѓутоа австрискиот тим беше одличен и триумфираше во меч во кој судеше македонскиот судија Александар Ставрев. Дориан Бабунски играше од почетокот до 73. минута.
Јован Манев со неговиот тим Аданадемирспор се пласираше во плеј-офот, и покрај поразот од Осијек со 3-2. За разлика од првиот меч кога ги одигра сите 90 минути, на гостувањето во Хрватска остана на клупата.
Елиминација доживеа и Иван Тричковски кој со неговиот АЕК Ларнака е поразен од Макаби Тел Авив. Во следната фаза одат и Давид Атанаскоски и Сабит Билали кои со Партизани Тирана со вкупни 3:1 ја совладаа летонска Валмиера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА