Европски натпревар или вонредна состојба!? Под полна „борбена готовност“ се чека мечот Шкендија – ТНС (ФОТО)

Целокупната општествена состојба во земјава, од која никако да се ослободиме со години, неизбежно се рефлектира и на македонскиот спорт…

Па, така дури и европскиот натпревар од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Шкендија и велшкиот шампион ТНС вечерва на арената „Филип Втори“ во Скопје со налик на прогласена вонредна состојба во земјава.

Бројни полициски борбени, оклопни, возила и голем број на припадници на специјалните полициски единици вечерва ќе го обезбедуваат натпреварот во Лигата на шампионите кој стартува од 20:15 часот.

Се вчитува...