Европски шаховски првенства во Македонија во 2019 и во 2021 година

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Претседателот на Европската шаховска унија, Зураб Азмајпарашвили, потпишаа договор за одржување на Европското поединечно шаховско првенство во Скопје во март, 2019 година. Две години подоцна, нашиот главен град ќе биде домаќин на екипното ЕП за мажи и жени.

На Европското поединечно првенство во 2019 година, се очекува да учествуваат околу 300 шахисти од сите европски држави.

Каевски ја истакна потребата од решеност и заложба за превземање неопходните мерки во насока на успешна организација на ова Европско првенство во шах, но и за зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за работа на МШФ во иднина.

 

 

 

 

 

Се вчитува...