Европскиот кадетски вицепрвак Бесир Алили беше на прием во Македонскиот Олимписки Комитет

Претседателот на Mакедонскиот Олимписки Комитет, Васил Тупурковски, го прими европскиот кадетски вицепрвак во борење (слободен стил), Бесир Алили. Тој му го честиташе освоениот сребрен медал и му посака уште подобри резултати во иднина и секако, да му се реваншира на Ерменецот Рафаел Харутунијан, од кој загуби во финалето на ЕП за кадети во Скопје.

На средбата беа присутни и селекторот Седат Бафтиу, претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и потпретседателот Дејан Богданов, со кои се разменија информации за подготовките за предстојното Светско првенство како и за големата меѓусебна поддршка и многуте заеднички сегашни и идни проекти на МОК и на Федерацијата за боречки спортови на Македонија.

Се вчитува...