Европскиот првак е елиминиран, чудото се вика Монпелје

Монпелје го приреди најголемото изненадување во осминафиналето од Лигата на шампионите, елиминирајќи го европскиот првак Кјелце. Полскиот гигант најавуваше атак на надополнување на негативата од пет гола од првиот натпревар, одигра добро прво полувреме, но потоа Монпелје се врати, заигра одлична одбрана и со победа среде Полска од 26-28 го елиминираше составот предводен од Талант Душебајев. Фуриозната завршница на првиот дел, што Кјелце го доби со 15-11, на крајот се покажа залудна бидејќи францускиот тим знаеше како да ја контролира играта, како што минуваше времето така Полјаците стануваа се понервозни, на крајот претрпувајќи нов пораз.

Доленец со седум и Гребиј со пет гола беа најефикасни во редовите на Монпелје, додека прв стрелец на Кјелце при денешниот пораз беше Јурецки со седум гола.

Пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа обезбеди и Пик Сегед, кој попладнево славеше над Бјерингбро со 31-23, за втора победа над данскиот првак. Скубе, Горбок и Калман беа стрелци на по седум гола за унгарскиот вицепрвак, кој за ривал во четвртфиналето ќе го има тимот на ПСЖ.

Се вчитува...