Европско деби за судијата Игор Стојчевски

Младиот македонски интернационален судија Игор Стојчевски, го имаше своето деби на меѓународната европска сцена. Тој го судеше мечот од првото квалификационо коло на Конференциската лига на Европа меѓу ерменскиот Ноах и екипата на Купс од Финска кој заврши со победата  на домаќините од 1-0. На овој меч му помагаа Слаѓан Марковски и Даниел Василевски, а четврти судија беше Дејан Јакимовски.

Игор Стојчевски се најде на листата на меѓународни судии на УЕФА на предлог на Судискиот одбор на ФФМ и доаѓа на местото на Димитар Мечкаровски кој ја заврши успешната интернационална кариера поради исполнета старосна граница.

Македонија има тројца судии на меѓународната листа на УЕФА предводена од нашиот најуспешен судија Александар Ставрев и Дејан Јакимовски кој поради повреда отсуствуваше од зелениот терен речиси една година.

Единствениот контролор на судењето од нашата држава на листата на УЕФА, Емил  Божиновски, пак, на 13. јули ќе биде контролор на реванш квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони меѓу Подгорица и фински Хелсинки.

/М.М/

Се вчитува...