ФА без милост: Пет меча казна за Мингс за газењето на Ибрахимовиќ

Во таборот на Бурнемаут се шокирани откако дефанзивецот на овој тим, Тајрон Мингс, заработи суспензија од пет натпревари поради инцидентот во финишот од првото полувреме против Манчестер јунајтед. Мингс го згазна по главата Златан Ибрахимовиќ, старт што „дисциплинците“ го оцениија како намерен, па по денешниот состанок беше решено овој фудбалер да ги пропушти следните пет премиерлигашки дуели на својот тим.

Не постои апсолутно никаков доказ дека газењето е намерно, ние му веруваме на Мингс во тврдењето дека случајно го згазнал противничкиот фудбалер. Одлуката на Дисциплинската Комисија е шокантна за нас“ – истакнаа од раководството на Бурнемаут.

Оваа суспензија значи дека Мингс ќе ги пропушти натпреварите против Вест хем, Свонси, Саутемптон, Ливерпул и Челси, по што дефанзивецот својот камбек на терените би го имал дури кон средината на месец април.

Се вчитува...