Фудбалерот на ПСЖ и на шпанската репрезентација, Фабијан, Руиз, изјави дека би му биле чест да ја освои Златната топка, која се доделува на најдобриот фудбалер на светот, објавија француските медиуми.
Руиз минатата сезона со ПСЖ по вторпат триумфира во Лигата на шампионите, додека со селекцијата на Шпанија, изминатото лето стана Светски шампион.
„Сонот на секој фудбалер е индивидуално да му биде признат неговиот труд. Имав среќа да освојам многу тимски титули, како и неколку индивидуални. Зошто не би сонувал да го кренам пехарот за најдобар играч на година. Би ми била голема чест да ја освојам Златната топка“, изјави Руиз во емисијата „Телефут“ која се емитува на француската државна телевизија.
Иако Руиз триумфира во двете најпрестижни натпреварувања, Лигата на шампионите и Светското првенство, шпанските медиуми сметаат дека тој не е меѓу фаворитите за ова признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
