Фабијани: Бевме супериорни во однос на противникот, одигравме одличен натпревар

Вардар приреди уште едно разочарување на своите фанови во Европа сезонава, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ е поразен од тимот на Рига со 2-3. Вардарци можеби не заслужија пораз, меѓутоа на крајот беа казнети за неискористените шанси, особено во вториот дел.

Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани по мечот ги сумираше впечатоците…

„Денеска одигра Вардар супериорен меч во однос на ривалот. Екипата одигра одличен фудбал. Грешките кои ги направивме не чинеа пораз. Вардар вечерва одигра подобро и од првиот меч со Купс, и подобро од мечот во Финска кој го добивме. Игравме меч против одличен противник и малку недостасуваше за добар резултат. Тие грешки мораме да ги сведеме на минимум, и ако одиграме вака без тие грешки, можеме да парираме на гости и да победиме. Дадовме три гола во Финска, денеска дадовме два и малку недостасуваше да дадеме и трет. Одбраната беше добра, денеска имаше грешки на голманот.“, изјави Фабијани. 

Се вчитува...