Фабијани: Дојде долгоочекуваниот момент

Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Тренерот на „црвено-црните“, Кристијан Фабијани на денешната прес-конференција го најави утрешниот натпревар…

Дојде долгочекуваниот момент. Добро се подготвуваше екипата во Италија и со нетрпение очекуваме да почне мечот. Задоволен сум од подготовките. За мене ова е меч кој трае 180 минити и важен е првиот и вториот меч. Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма и можеме да кажеме дека игра со топка. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме. Веќр три месеци сум во Вардар. Очекувањата се големи, но сметам дека клубот не е 100% од она што верувам дека може да биде, но одиме чекор по чекор да се надградуваме и да бидеме се подобри“, изјави Фабијани. 

Натпреварот меѓу Вардар и Купс ќе се игра утре со почеток во 19 часот.

Се вчитува...