Фабијани пред Рига: Сакаме да ги направиме горди навивачите со добра игра на домашен терен

Вардар утре го очекува првиот дуел од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции против летонскиот тим на Рига. Пред натпреварот беше одржана и официјалната прес-конференција на која актерите ги истакнаа своите очекувања од натпреварот.

Шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани посакува добра партија на домашен терен и триумф со кој, како што рече, ќе ги направи навивачите горди.

„Со голема желба и емоција го дочекуваме натпреварот утре и среќни сме со тоа што го одигравме во Финска и победата и се надевам дека и утре ќе дојдеме добар резултат, мора да бидеме силни на домашен терен. Голема е мотивацијата да се докажеме многу подобро, тоа и го покажавме во Финска, сакаме да ги направиме горди нашите навивачи со една подобра партија и перформанси на домашен терен.

Знаеме колку е важно да завршиме со предност на по првиот меч. Станува збор за многу добра екипа тоа го покажува и нивната вредност, но и ние сме голем клуб и тоа сакаме да го покажеме утре. Сакаме да одиграме добро, да провоцираме грешки на нивната екипа. Има многу работи кои треба да ги подобриме, имаме само два официјални натпревари одиграни. Ги анализираме натпреварите и мислам дека можеме многу повеќе да дадеме, имаме потенцијал кој треба да го покажеме. Се надевам дека на утрешниот натпревар тоа ќе го постигнеме, во фудбалот секогаш има нешто да се научи и да се натпреварува“, рече Фабијани.

Тој додаде дека ако Вардар одигра според најдоброто ниво, тогаш ќе нема проблеми за победата.

„Не верувам во проценти, во фудбалот се е можно, утре ќе треба да одиграме на највисоко ниво, со полна концентрација, играме против силна екипа, но ако одиграме на нашето најдобро ниво, ќе си одиме со насмевка. Од средина на теренот и нагоре имаат многу квалитетни играчи со многу динамика, вертикалност, но така е кај секој клуб со финансии. Ние треба да одиграме перфектен натпревар за да извлечеме позитивен резултат. Се одморивме добро, полесно беше дека и резултатот во Финска беше позитивен. Како поминува времето се повеќе се разбираме, има некои бариери кои ако ги пробиеме и тој страв ако го поминеме ќе бидеме многу добри“, изјави Фабијани.

Се вчитува...